ЦЦентарот за управување со кризи денеска од утрото информираше за 2 190 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК за последното деноноќие и за 26 пожари на отворено, од коишто активни утрово беа 5 врз коишто утрово се дејствуваше и со воздухопловна поддршка и податоците говорат дека вкупно само за 12 дена сега во јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери.
ЦУК информира дека новопојавените денешни пожари во најголем дел се изгаснати, но има 3 од денешните, што се уште се активни заедно со тие што во последното деноноќие беа 5 активни, а сега во моментот се 8.
Конкретно тие се во :
1- Општина Неготино во атар на с.Кањалево
2- Општина Ново Село, на Огражден,
3- Гевгелија -кон Кожуф,
4- Прилепско, с. Црнилиште
4- Штипско меѓу селата Драгоево и Селце
И дополнително од денеска од повечето новопојавени се уште се активни три пожари на оторено –
5- Општина Конче с.Горно И Долно Лаповиќ
6- Општина Велес с.Јаболчиште
7- Општина Штип помеѓу с.Драгово и Селце.
Дел од силите се се уште на терен, но како паѓа ноќта се повлекуваат, а некаде според процена на пожарникарите ќе се остават дежурни екипи превентивно.
Последните два извештаја пристигнати во ЦУК, вечерва во моментот, се за пожарите во Општина Конче и за Општина Гевгелија.
При пожарот на отворен простор кај селата Горни и Долни Липовиќ Општина Конче, гори сува трева, грмушки , прнар, ниско стеблеста шума, бор и друга вегетација. Интервенирале: ТППЕ Радовиш 10 пожарникари, 2 пп возила, доброволци 20, Доброволно ПП друштво (ДПД) „Гори’ 6. Дел од пожарот е локализиран, а дел сеуште е активен. Екипите ќе се повлечат а интервенцијата ќе продолжи во утринските часови.
Шумскиот пожар помеѓу с.Негорци и с.Кованец, Општина Гевгелија, е локализиран и е под контрола. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Гевгелија со 5 пожарникари и 15 од ЈП МШ ПШС Кожув. Интервенцијата ќе продолжи во утринските часови.
Во период по 23.00 до 24.00 во ЦУК ќе има дел од дневните извештаи, а утре од 06.30 па до 7/8.00 часот ќе има стигнати извештаи речиси за целосен биланс, според извештаите што дополнително ќе пристигнат за пожарите на отворено.
ЦУК им благодари на медиумите за нивниот придонес за брзо и правовремено информирање во интерес на безбедноста на граѓаните.