Македонија

Осум македонски шахисти на Светското јуниорско првенство

Осум македонски шахисти на Светското јуниорско првенство

Италијанскиот град Монтесилвано од денеска до 24 ноември е домаќин на Светското јуниорско шаховско првенство во поединечна конкуренција на кое на машкиот и женскиот турнир ќе настапат и осум македонски натпреварувачи.

На машкиот турнир боите на македонскиот шах ќе ги бранат Теодор Јовановски и Стојан Веклоско, во конкуренција до 18 години, Никола Бошковски и Антон Златков, до 16 години, како и Малакај Насков во категоријата до 14 години.

На женскиот турнир ќе настапат Инџи Ајрадиновска до 18 години, Јована Давиткова до 16 години и Ивана Велкоска во категоријата до 14 години.

Македонските шахисти, предводени од селекторот, велемајсторот Трајко Недев, ги очекуваат 11 партии во силна конкуренција на Светското првенство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни