Македонија

Откажани двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија“

Откажани двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија“

Се отповикуваат двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија“ – едната која требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд Скопје, а другата на 18 септември.

Од Кривичниот суд информираат дека расправите се откажани поради здравствени причини на еден од обвинетите. Одбраната на обвинетиот Б.А. доставила медицинска документација според која тој не може да присуствува на судењето.

Судењето ќе продолжи на следниот утврден термин, на 20 октомври.

На минатото рочиште, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Во случајот „Геријатрија“, директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, се гони за примање поткуп, додека Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни