Македонија

Откажани летови, други пренасочени кон Приштина – густа магла го отежнува воздушниот сообраќај во Македонија

Откажани летови, други пренасочени кон Приштина – густа магла го отежнува воздушниот сообраќај во Македонија

Од утрово густа магла во Скопје. Тоа е причина за откажани и пренасочени летови од скопскиот аеродром.

Од утрово до 10 часот, два летови се откажани, два се пренасочени кон Приштина, а еден успешно слетал со задоцнување.

Пренасочени се авионите на Wizz Air од Милан и Франкфурт. Додека откажани се летовите од Србија и Истанбул.

Ова не е прв пат скопскиот аеродром да има проблеми со слетување и полетување на авиони поради густа магла.

Во моментов температурата на аеродром е -2 степени, без ветер со густа магла. Видливоста е 100 метри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни