На брифингот кој се одржа денеска во Јавното обвинителство, соопштија дека е отворен предмет против Артан Груби и против судијата Енвер Беџети, откако беа ставени на црната листа на САД, пренесува ТВ21.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски истакна дека уште вчера е оформен предмет против двајцата.
„Уште вчера оформив предмет да се обидеме да обезбедиме докази да ја провериме кривичната одговорност на лицата кои се доведуваат за поткуп и трговија со влијанија. Обвинителство ќе достави наредби за понатаму. Сакам да нагласам дека соработката со САД и амбасадата е одлична и тие ни помагаат во борбата со корупцијата“, рече Коцевски.