Македонија

Отворен современ фризерско-козметички кабинет во „Димитар Влахов“ – учениците ќе работат со професионална опрема

Отворен современ фризерско-козметички кабинет во „Димитар Влахов“ – учениците ќе работат со професионална опрема

Учениците од средното училиште „Димитар Влахов“ ќе добијат можност практично да ги усовршуваат фризерските, берберските и козметичките вештини во нов, современо опремен кабинет, кој денеска беше пуштен во употреба од градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Новиот простор е опремен со шест фризерски работни места, две берберски позиции и две места за шминкање, како и со опрема за маникир и козметички третмани. Кабинетот е наменет за практична настава, преку која учениците ќе можат да го применуваат стекнатото теоретско знаење и да се подготвуваат за идната професија.

Ѓорѓиевски истакна дека отворањето на кабинетот претставува можност младите да ги развиваат своите таленти, да стекнуваат искуство со професионална опрема и постепено да ја градат самодовербата потребна за работа.

„Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија“, рече градоначалникот.

Тој посочи дека една од придобивките е и можноста учениците, во рамките на практичната настава, да нудат услуги по субвенционирани цени за учениците од другите средни училишта.

Според Ѓорѓиевски, инвестициите во вакви услови се важни за поттикнување на стручното образование и овозможување на младите полесно да се подготват за пазарот на трудот, но и за започнување сопствен бизнис.

„Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Новиот фризерско-козметички кабинет се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“, во населбата Лептокарија, во непосредна близина на Универзитетот „Скопје“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни