Свет

Ова е град во САД кој гори 60 години и ќе продолжи да гори уште 250 години!

Ова е град во САД кој гори 60 години и ќе продолжи да гори уште 250 години!

Можете ли да замислите дека во САД постои град кој гори 60 години и ќе продолжи да гори уште 250?

Тоа е мал град сместен во срцето на Пенсилванија и прошаран со бројни рудници за јаглен.

Секоја година пред Денот на сеќавањето, градот го горел целото ѓубре на депонијата, но во 1962 година се случил инцидент и пожарот се проширил во блискиот рудник.

Обидите за гаснење на огнот биле неуспешни и тој се раширил во огромната мрежа на подземни јагленови рудници.

Пожарот се проширил на длабочина од 90 метри и на површина од 1.600 хектари, каде што пламените избувнувале од земјата, ослободувајќи отровни гасови, а куќите почнале да пропаѓаат во земја.

Американскиот Конгрес во 1984 година издвоил повеќе од 42 милиони долари за преселување на жителите и поголемиот дел од луѓето ги напуштиле своите домови.

Денес Централија е град на духови. Од 2002 година поштенскиот број е отстранет, а автопатот 61, кој минувал низ него, е блокиран и прекриен со тони земја за да се спречи привлекување на туристи.

Според проценките, пожарот таму ќе гори најмалку уште 250 години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни