Оваа година ќе нема учебници за странски јазици – Јанева: Децата и онака учат од серии

Министерката за образование Весна Јаневска рече дека оваа година ќе нема учебници за странски јазици. Таа кажа дека јазикот е жив и дека и онака децата учат од серии и филмови.

„Учебници за странски јазици ќе има, но догодоина, и нема да има печатен, хартиен материјал за јазиците на заедниците. Бидејќи станува збор за јазик, наставниците од тие материјали ќе може да им предаваат на учениците. Јазикот е жив, децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик – именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска.