Овие намирници никако не ги ставајте во фрижидер

Многумина од нас после купувањето на поголемиот дел од намирниците веднаш ги складираат во фрижидерот, со што веруваат дека така ќе им го продолжат векот на траење.

Но, не за сите намирници тоа е добра идеја затоа што тие брзо ќе го изгубат вкусот и ќе потемнат.

Еве кои намирници не треба да ги ставате во фрижидер.

  • Домати

Ставањето на домати во фрижидерот може да го запре нивното дозревање и да го „убие“ вкусот. Во фрижидерот може да се менува неговата хемиска структура, што влијае на нивниот вкус. На ниски температури може да им се промени текстурата, а плодовите може да станат оштетени и меки.

  • Компир

Треба да се чува на ладно и суво, но никако во фрижидер. Најдобро е во платнена торба, но никако во пластична. Ако го ставите во фрижидер, може да предизвика разградување на скробод, и така ќе влијае на неговата текстура, но и ќе го промени вкусот.

  • Кромид

Кромидот во фрижидер почнува брзо да се расипува, да станува брашнест и да го губи вкусот. Освен тоа и се суши, па дури и ако го замотате во пластична фолија. Истото важи и за лукот.

  • Леб

Додека замрзнувањето на лебот може да ја забави постапката на стареење, ставањето во обичен фрижидер таа постапка ќе ја убза. Ниската температура влијае скробот да се кристализира многу побрзо од собна температура, со што се убрзува процесто кој лебот ќе го направи тврд и без вкус.

  • Банани

Ставањето на зрели банани во фрижидерот ќе им помогне да останат зрели само неколку дена. Но, ако таму ги ставите додека се малку зелени, ќе им се запре процесот на дозревање. Дури и кога ќе ги извадите од фрижидер, тие нема да дозреат, и ќе станат црни. Бананите се тропско овошје и немаат природна одбрана од ладно.