Македонија

Овие населени места вечерва дишат ЕНОРМНО загаден воздух

Овие населени места вечерва дишат ЕНОРМНО загаден воздух

Вечерва Кичево, скопско Лисиче и Ректоратот дишат енормно загаден воздух.

Измерени се над 250 mg/m3, што значи 5 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).

По нив следуваат со нешто помалку загаден воздух се и Тетово 231 mg/m3, Струмица 218 mg/m3, и Кавадарци 190 mg/m3.

Голем број на оранизации за загадувањето во Скопје ја посочуваа цементарница Усје, но таа во моментов не работи. Па се поставува прашањето кој навистина загадува во Скопје.

Дека Усје не работи потврди и Инспекторатот за животна средина при вонредна контрола. Заклучокот го објавија на друштвените мрежи:

Државниот инспекторат за животна средба информираат дека согласно Месечниот план за работа од страна на Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион е извршен инспекциски надзор кај правниот субјект при што е утврдено дека и понатаму правниот субјект не е во работен процес:

Рото печка бр.3 не работи од 02.01.2024 поради планирани редовни ремонтни активности.

Рото печка бр.4 е сопрена со функционирање на ден 17.01.2024 во попладневните часови поради планирани редовни ремонтни активности.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни