Македонија

Овој град во Македонија денес беше најтопол!

Овој град во Македонија денес беше најтопол!

Максималните температури денес беа 21 Попова Шапка, 27 Крушево, 28 Лазарополе, Маврови Анови, 30 Претор, 31 Берово, 32 Крива Паланка, Охрид, 33 Прилеп, 34 Тетово, 35 Штип, Демир Капија, 36 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија 37 Виница, информираат од УХМР.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 8 Пожар (Радовишко), 1 Ѓуриште, Струмица, Скопје – Зајчев Рид, Гевгелија.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денес претпладне беше сончево со мала облачност во источните делови од земјата. Од пладневните часови најпрвин имаше грмежи на југоистокот, а пото нстабилноста се прошири на целата источна страма. Особено нестабилно беше во Радовиш и во Велес, а потоа во делот од Куманово кон Скопје.

Доцна попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи е во западниот дел од земјата.

Времето до крајот на денот интензитетот на нестабилноста ќе се намали до крајот на денот. Потоа преку ноќта облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб претежно северен ветер.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. UV=7

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема попладне и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни