Максималните температури денес беа 19 Попова Шапка, 23 Лазарополе, Крушево, 25 Маврови Анови, 27 Охрид, 28 Претор, 29 Прилеп, Берово, 30 Крива Паланка, Тетово, Битола, 32 Виница, 33 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 34 Струмица, Гевгелија, 35 Скопје-Петровец, Демир Капија, Велес.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 )
3 Берово, Попова Шапка, 2 Битола, 1 Тетово.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина
воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од
измерената.
Времето денес претпладне во поголем дел од земјава времето беше сончево со мала до умерена облачност. Во западните и северозападните делови променливо облачно со
повремен локален дожд. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Попладнево времето е сончево со мала до умерена облачност. Во крајните источни
региони имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и
грмежи.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално невреме.