Македонија

Овозможување на директни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија: Една од темите на средбата меѓу Гаши и Алрабиах

Овозможување на директни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија: Една од темите на средбата меѓу Гаши и Алрабиах

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со Тавфиг Ф. Алрабиах, министер за Хаџ и Умра на Саудиска Арабија.

Како што вели, на средбата потврдиле здравите дипломатски односи.

„Разговаравме за интензивирање на политичката и парламентарната комуникација, при што констатиравме дека имаме простор за продлабочување на соработката преку билатерални договори, овозможување на директни авиолинии и формирање на пратеничка група за соработка со Средниот Исток и Арапскиот Залив. Остануваме посветени на проширување на комуникацијата на секое ниво“, вели Гаши.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни