Македонија

Пад на температурите, ветер и студ, минималната -8 степени

Пад на температурите, ветер и студ, минималната -8 степени

Во текот на ноќта понеделник кон вторник како и во вторник во раните утрински часови врнежите постепено ќе престануваат, и во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и студено време со пад на температурите. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер кој што ќе достигне брзина до 35 км/ч. Минималните температури ќе се движат во интервал од -8 до 0 степени и се очекуваат во вечерните часови, односно кон крајот на денот, додека пак максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат од -2 до 7 степени.

Во среда и четврток во Македонија ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -9 до -2 односно од -11 до -3 степени.

Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со максимални дневни температури кои што ќе се движат во интервал од -1 до 8 односно од 0 до 8 степени.

Во петок и сабота ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -10 до -2 односно од -13 до -5 степени, во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време.

Максималните дневни температури во Македонија ќе се движат во интервал од -1 до 7 односно од -3 до 5 степени

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни