Палчо сменет од претседател на политичката партија Десна

Љупчо Палевски – Палчо веќе не е претседател на политичката партија „Десна“. Ова следува откако Обвинителството соопшти дека тој е осомничен дека ги извршил убиствата на Вања Ѓорчевска и Палче Жежовски.

На местото од Палевски, како претседател на партијата сега е избран Тони Алексовски, тој заедно со Палевски е меѓу основачите на партијата.

Иако имаше јавни повици од страна на премиерот и министерот за внарешни работи за укинување на партијата, сепак се уште нема иницијатива за такво нешто. Од партијата ова го сметаат како закана.

„Десна цврсто и решително продолжува по промакедонскиот курс, преку спроведување на редовните партиски активности, во прв ред борбата за зачувување на името и статутот на МПЦ – ОА, иницијативата за Референдум за раскинување на штетниот антимакеонски Договор за пријателство, добрососедство и соработка  меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и подготовка за претседателските и парламентарни избори“, велат за Сител од партијата Десна.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното