Македонија

Палчо спроведен на распит во скопско Обвинителство

Палчо спроведен на распит во скопско Обвинителство

Денес од истражниот затвор „Шутка“ Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е спроведен на распит во скопското Обвинителство.

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска за првпат ќе го сослуша, откако тој пред дваесетина дена беше екстрадиран од Турција каде беше во бегство.

Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Тој отфрли поврзаност, иако исказите на осомничените и доказите кои ги имаат во Обвинителството го кажуваат спротивното.

Покрај Палевски, за случајот веќе обвинети се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се товарат за по две кривични дела – убиство и грабнување. Меѓу обвинетите е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни