Памук тесто полнето со сирење: Совршена и брза вечера

Има ли нешто поубаво од меко тесто исполнето со дарежлив фил

Состојки за тесто:

  • 650 гр брашно
  • 40 гр свеж квасец
  • половина лажица шеќер,
  • 100 мл млеко
  • 100 ml минерална вода
  • 100 мл масло
  • рамна лажица сол
  • едно јајце

Состојки за филот:

  • 150 гр урда
  • 100гр сирење исечкано на ленти
  • една жолчка за премачкување на тестото.

Подготовка:

Активирајте го квасецот, па замесете мазно тесто. Се остава да стаса, се става филот и се прават форми. Премачкајте со жолчка и посипете со сусам. Се пече на 180 степени 25 минути.