„Паника се создава, луѓе со пролив мислат дека имаат коронавирус“, рече Марковски

Во „Клик Плус“ на ТВ21 гостин е Вело Марковски со кого дебатираме за коронавирусот.

Тој смета дека непотребно се создава паника, и луѓе кои имаат дури и цревни инфекции, мислат дека имаат коронавирус.

„Уште еднаш кажува. Тој што е позитивен, не е болен. Дури е прашање дали е инфициран. И сега се создава паника, луѓе со цревни инфекции доаѓаат и мислат дека имаат коронавирус. Тој видно има пролив, но мисли дека има корона“, вели Марковски.

.

Извор: ТВ21