Балкан

Паника во Хрватска; Потврдени два нови случаи на труење во Загреб: „Беше страшно“

Паника во Хрватска; Потврдени два нови случаи на труење во Загреб: „Беше страшно“

Министерот за здравство Вили Берош потврди дека покрај пациентот од Риека, во Загреб се појавиле и два сомнителни случаи.

„Во КБЦ Загреб под опсервација се двајца помлади. Јас сум во постојан контакт со болницата и засега може да се каже дека се стабилни и надвор од животна опасност“, вели Берош.

Младиот Ј.Г.(19) испил голтка газирана вода со вкус што му го испржи хранопроводникот. Надлежните не реагираа три дена.

Сличен случај на труење се случи и во мај, исто така во Риека. Како што пренесува 24sedam.hr, станува збор за истиот пијалок.

„Тоа беше страшно. Одеднаш почна да вика, ништо не беше јасно. Не знаевме што се случува. Само викаше и мавташе со рацете. Викаше дека не може да дише. Истрча до тоалетот, почна да повраќа крв, тоа е страшно Катастрофа“, раскажува соговорникот кој случајно се нашол во кафуле каде Ј.Г.(19) испил голтка минерална вода со вкус што му го изгорела хранопроводот и завршил во болница во Риека.

Колку се сериозни повредите говори податокот дека тој се уште е во болница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни