Свет

Папата ги откажа сите активности поради грип

Папата ги откажа сите активности поради грип

Папата Франциск ги откажа сите активности поради блага настинка, соопшти денес Ватикан.

Според извештаите, папата ја донел оваа одлука како мерка на претпазливост, пред неговата планирана посета на Луксембург и Белгија на крајот на оваа недела, пренесува Ројтерс.

На почетокот на оваа година Папата веќе ги откажа своите активности поради настинка и бронхитис, а за време на двонеделната посета на Југоисточна Азија и Океанија беше во добра здравствена состојба – присуствуваше на повеќе од 40 настани и помина речиси 33.000 километри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни