Македонија

Патничка од автобусот: 5 минути свиреше аларм, возачот не запре – заднаата врата не се отвори, за една минута откако изглеговме целосно изгоре!

Патничка од автобусот: 5 минути свиреше аларм, возачот не запре – заднаата врата не се отвори, за една минута откако изглеговме целосно изгоре!

Патничка раскажува за ужасот кој го доживеала денеска додека патувала со автобусот кој се запали на преминот Стража

„5 мин свиреше аларм во автобусот, возачот не запре, задна врата не се отвори пола лични ствари останаја внатре не можевме да ги извадиме затоа што после 1 мин откако излеговме цел автобус се запали….ужаз ..на автобусов не му е напраен технички преглед бог знае од кога КАТАСТРОФА….фала богу ни друг автобус не ни пуштија за да не соберит на сред пат останавме“, вели патничка која се наоѓала во автобусот.

Автобусот, којшто се запали утрово кај Стража, се движел на редовна линија Скопје – Охрид. Нема повредени патници, а во гаснењето интервенирале гостиварските пожарникари. Сообраќајот се одвива нормално.

-Денеска, во 11:25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија  Скопје  – Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник, информираат од ЦУК.

Во тек е увид од екипа на МВР.

Претходно, од Мнистерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, се запалил автобус кој се движел кон Кичево, а случајот бил пријавен во 11:20 часот во СВР Тетово.

-На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица, наведоа од МВР.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни