Патник скокнал од авион во движење на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, соопштија денеска властите. На летот Скај Вест 5365, во моментот кога авионот започнал да се движи, човекот се обидел неуспешно прво да ја пробие пилотската кабина, а потоа успеал да ја отвори вратата од товарниот дел и да скокне по лизгачот за евакуација на асфалтот, соопштија официјални лица од аеродромот објавија агенциите.
Мажот бил приведен на пистата, му била укажана помош поради повреди не толку опасни по живот и бил пренесен во болница, објавија властите.