Во Институтот за белодробни заболувања „Козле“ дневно се прегледуваат во просек по 100 деца од цела Македонија, но улицата „Загрепска“ до таму никако да се направи, а се чини и дека состојбата уште долго ќе остане таква.
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека имало проект за реконструкција, но истиот го снемало – односно изгорел во пожар кога била опожарена бараката на јавното претпријатие „Улици и патишта“.
Од друга страна пак, тој не смета дека е разумно да се занимава со оваа улица.
„Не сметам дека треба да се стави во приоритет затоа што имаме во Бардовци улици кои не се асфалтирани, луѓето газат во кал. Приоритет ми се тие што газат во кал, а тие што имаат улица ама улицата има малку дупки не може да ми биде приоритет“, вели Јакимовски.