Македонија

Патот кон Галичник е непрооден три недели

Патот кон Галичник е непрооден три недели

Галичник три недели отсечен од светот. Проблемот со електричната енергија и уличното осветлување во меѓувреме е решен, но патот Маврово-Галичник сè уште е непрооден, а според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден, потенцираат од Месната Заедница и алармираат за можните последици од актуелната состојба, пишува ТВ24.

Со оглед на најавите за нови снежни врнежи, жителите на ова мијачко село очекуваат брза реакција од надлежните институции за расчистување на патот, кој е непрооден од крајот на ноември.

Од Месната заедница повторно упатуваат апел до надлежните институции што побргу да се овозможи пристап до ова село и да се отпочне со расчистување на патниот правец Маврово-Галичник, во должина од околу 16 км.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни