Македонија

Пациент почина на Онкологија – од МЗ велат: Донесен во многу тешка состојба

Пациент почина на Онкологија – од МЗ велат: Донесен во многу тешка состојба

Пациент почина во Клиниката за онкологија.

Според официјалното соопштение од Министерството за здравство, пациентот бил донесен во многу тешка состојба, со канцер во четврти стадиум и метастази во коските, дијагностицирани пред една година.

Веднаш е иницирана процедура за обезбедување на деривати од крв, но за жал пациентот починал за време на тој период.

Министерството ги демантира шпекулациите во јавноста за губење на медицинската документација и потенцира дека семејството одбило обдукција.

Во своето соопштение, Министерството повикува на почит кон лекарите и здравствениот персонал, осудувајќи секој облик на насилство или закани кон нив.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни