Македонија

Пациент во велешката болница паднал од болнички кревет, два часа никој не му помогнал,

Пациент во велешката болница паднал од болнички кревет, два часа никој не му помогнал,

Пациент паднал од болнички кревет, а немало кој да го крене цели два часа, па помош барал на 122 во Центарот за управување со кризи. Ова го раскажа директорот Стојанче Ангелов за СДК, а доктор Ненад Лазаров повика на одговорност.

„Секој еден од нас ни можел да биде во тој кревет, ова е навистина дно што го прочитав. Паднал од кревет повреден и неподвижен ВО БОЛНИЦА и морал на брза помош да врти бидејќи 2 часа никој не се појавил да му помогне да не лежи на под! Дали и кој сносел одговорност за ова?“, вели Лазаров.

Претходно, Ангелов раскажа: „Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни