Македонија

Пекарите се предомислија, од утре ќе носат леб од 33 денари

Пекарите се предомислија, од утре ќе носат леб од 33 денари

Пекарската индустрија од утре сепак ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари.

Претседателот на групацијата на мелничко-пекарска индустрија, Горан Малишиќ истакна дека ќе поведат и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпуваат од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

Како што изјави, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра. Тој оцени дека Владата воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација, и како што рече, уништува една од основните индустрии во земјата.

„Во интензивни консултации со правни експерти домашни и од надвор, утврдено е дека владините одлуки се неуставни и незаконски или донесени без утврдено прекршување на пазарот во законот за трговија. Спротивно на одлуката се потврдува со записниците на инспекторатите, дека од први декември па се до крајот на февруари се почитуваат сите мерки и претходните одлуки што владата ги донела. По овој основ, пекарската индустрија здружено ќе започне правна постапка со цел наплата на штетата, односно загубата која владата и ја нанесе на индустријата со донесените одлуки“, вели тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни