Националниот координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски, денеска напиша дека е реализирана една од двете најголеми стратешки цели од 1991 година па наваму.
„Денес, цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели зад кој стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму.
Немам дилеми дека 6-ти февруари 2019-та, ќе биде споменуван како еден од најзначаните датуми во поновата македонска историја, затоа што на овој ден de facto стануваме членка на НАТО алијансата“, напиша Пендаровски на својот профил на „Фејсбук“.