Македонија

Пендаровски дал предлог за забрана за влез во Македонија на Џамбаски

Пендаровски дал предлог за забрана за влез во Македонија на Џамбаски

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на прес конференција, по 18-тата седница на Советот за безбедност, истакна дека дал предлог за забрана за влез во државата на еден пратеник од Бугарија.

Тој додава дека оваа одлука се однесува на неколку лица од Бугарија.

Сепак како што вели, не може претседателот ваква одлука да донесе, односно може само да предложи.

Тој рече дека се очекува на 4. Февруари се очекува организирана група да пристигне во Македонија на одбележување на годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Претседателот додаде дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни