Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Пендаровски и Левиц положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Пендаровски и Левиц положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“
Претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц во рамки на официјалната посета на нашата земја, денеска со претседателот Стево Пендаровски положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје. – По завршувањето на церемонијата на положување венци, двајцата претседатели ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“, соопштија од Кабинетот на претседателот. Претходно, Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Левиц, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Латвија, претседателите имаа заедничка прес-конференција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни