Нормално после осум години на власт на луѓето да им станеме досадни, но трендовите се промените и ВМРО-ДПМНЕ не е во големо водство, рече вечерва кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. Тој се осврна и на уставните промени и надворешната политика.
„Ако успеат, како што велат, да ги стават Македонците во Уставот на Бугарија и да ги натераат Бугарите да го признаат македонско малцинство во Бугарија, јас ќе бидат првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Пендаровски пред делегатите.
Пендаровски својата кандидатура ја објави во петкот и најави дека ќе ги собира и потребните 10.000 потписи од граѓаните. Потребните потписи Пендаровски ги собра денеска, исто како и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова која синоќа беше избрана за кандидат на опозициската партија.
Претседателски кандидати се и Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Снежана Ванкова (Левица), Максим Димитриевски (ЗНАМ), Бујар Османи (ДУИ) и Арбен Таравари како кандидат на албанските опозициски партии.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај.