Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека претседателот нема преземено обврска да преговара со Грција за замената на личните документи.
„Како што и претходно информиравме претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.
Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, велат од Кабинетот на Пендаровски.