Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за Сител, зборувајќи за одговорноста на политичарите, истакна „сте ме бирале, пуштете ме да видите што знам, ако не знам друго дете ќе дојде“.
На прашањето дали смета дека се уште ја има поддршката на СДСМ и ДУИ за втор мандат како претседател, Пендаровски смета дека нема да биде доволна, како што не била ни 2019 година.
„31 политичка партија меѓу кои овие две беа најголеми, ми дадоа поддршка 2019 и повторно само нивниот партиски електорат не беше доволен за победа, требаше и оние кои не се определени, оние кои никогаш не гласале т.н. независни, значи тоа ми е исто така многу важно. Значи не само дали ќе ја имам партиската поддршка, бидејќи јас не се обраќам, а тоа сум го докажал многу пати, само кон партиските електорати туку навистина се трудам да бидам претседател на сите граѓани“, вели Пендаровски.