Со тек на времето и времето сите не аби и предизвикува да им стануваме се поздодевни и поздодевни на луѓето, па да бараат некаква промена иако немаме големи стратешки грешки, вака во својот говор вечерва рече кандидатот за претседател поддржан од СДСМ Стево Пендаровски.
„Анкетите кои ги презентира ВМРО-ДПМЕН во јавноста се лага. Реалните анкети нивни анкети кои не ги даваат во јавноста се дека тие се паднати по 45 пратеници, а ние сме над 55“, изјави Пендаровски кој беше единствен кандидат на 27. конгрес на СДСМ.
Тој додаде дека најголема слабост е „што мислиме дека сме послаби отколку што мислиме дека сме“.
„Отворено пред сите тука сакам да ја посочам нашата најголема слабост. Ние имаме свои вредности и големи потенцијали, поголеми од опозицијата. Но, нашата најголема слабост е тоа што мислиме дека сме послаби отколку што сме. Ние не сме послаби, ние сме подобри“, рече Пендаровски.
Пендаровски рече дека трендовите од извесно време се променети.
„Граѓаните на Македонија добро знаат која е алтернативата. Која е алтернативата на оваа политичка структура (н.з ВМРО-ДПМНЕ) Алтернативата е третиот ешалон на диктатурата на Никола Груевски. Корумпирани, криминализирани поединци уште во негово време, кои само затоа што правосудниот систем не сакаше да ги однесе во затвор и ден денеска продаваат политика и памет дека тие се најдобрата политичка опција“, додаде Пендаровски.