Свет

ПЕНТАГОН ПОТВРДИ! Американците испраќаат нови војници на Блискиот Исток: Подготвени сме да го запреме ширењето на конфликтот

ПЕНТАГОН ПОТВРДИ! Американците испраќаат нови војници на Блискиот Исток: Подготвени сме да го запреме ширењето на конфликтот

Соединетите Американски Држави имаат намера да испратат мал број дополнителни воени сили на Блискиот Исток поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, соопшти денеска Пентагон, но без да го прецизира точниот број на војници или да појасни целите на дополнителната воена мисија.

– Како мерка на претпазливост, испраќаме мал број дополнителен американски воен персонал за зајакнување на нашите сили веќе во регионот на Блискиот Исток – изјави портпаролот на Пентагон, генерал-полковник Патрик Рајдер на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

По речиси една година војна во Појасот Газа, Израел го насочува своето внимание кон својата северна граница, каде Хезболах истрелува ракети за поддршка на своите сојузници на Хамас. Во понеделникот израелската армија го нападна Хезболах во јужен Либан, долината Бека во источен Либан и области во северен Либан во близина на границата со Сирија.

Администрацијата на Бајден бара дипломатско решение

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се обидува да го ограничи конфликтот само на Појасот Газа и постојано повикува на дипломатско решение на кризата на границата меѓу Израел и Либан.

Овој повик за барање дипломатско решение го повтори и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за време на разговорот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

– Министерот јасно стави до знаење дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги заштитат американските сили и персонал и решени да ги одвратат сите регионални актери од искористување на ситуацијата или проширување на конфликтот – соопшти Пентагон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни