Македонија

Пензионерите го блокираа влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија – бараат повисок стандард

Пензионерите го блокираа влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија – бараат повисок стандард

Блокада на влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, поставија денеска пензионери со мирен протест и бараат повисок стандард.

– Бараме линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Бараме поголеми права и подостоинствен живот, рекоа пензионери на протестот.

Сообраќајот на лице место го регулира полицијата, а возилата се пренасочуваат кон алтернативни улици во градот. Се препуштаат итни случаи, а на оние што не им се чека, за Скопје и Гевгелија, одат преку Кавадарци.

Блокадата трае до десет часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни