Пензионерите на протест пред Уставниот суд – задоволни се од линеарното усогласување и бараат истото да продолжи

Пензионерите денеска излегуваат на протест пред Уставниот суд, откако пред два дена во Штип ја донесоа, како што ја нарекоа, конечната одлука во врска со усогласувањето на пензиите.

Тие истакнуваат дека засега се задоволни од моделот на линеарно усогласување и бараат истиот да продолжи и понатаму.

Според нив, ваквиот пристап обезбедува еднаквост и спречува дискриминација меѓу пензионерите со најниски примања и оние со повисоки пензии.

Пензионерите порачуваат дека ќе останат доследни на ова барање сè додека не биде официјално усвоено.