Македонија

Перински: Дигитализацијата става крај на селективното плаќање даноци, системот не може за едни да биде мајка, за други маќеа

Перински: Дигитализацијата става крај на селективното плаќање даноци, системот не може за едни да биде мајка, за други маќеа

Воведувањето на автоматизиран софтверски систем во општините е клучен чекор во борбата против корупцијата, бидејќи ќе го елиминира човечкиот фактор и можноста локалните вработени селективно да одлучуваат кому ќе му издадат налог за наплата на данок, а кому не. Ова го истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“.

Министерот потенцираше дека ваквиот дигитален пристап е единствениот праведен начин кон граѓаните кои редовно и совесно ги подмируваат своите обврски кон државата.

„Не е во ред некој редовно да плаќа данок, а друг да го избегнува тоа. Не може системот за едни да биде мајка, а за други маќеа. Мора да има трајно, системско решение кое нема да важи само за оваа година или за еден политички мандат, туку ќе биде поставено еднаш засекогаш“, изјави Перински.

Тој се согласи дека сумата од околу 100 милиони евра, кои општините годишно ги губат поради неажурирани имотни бази, е огромна за македонски услови, но додава дека таа бројка би била сериозен удар и за многу посилни економии од нашата. Без разлика на висината на сумата, Перински заклучи дека овој децениски проблем мора итно да се реши и трајно да се надмине.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни