„Сега сме позагрижени отколку пред состанокот“. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Потоа кажа дека на состанокот како Влада не слушнале ништо конструктивно за решавање на проблемите.
„Од нивна страна не слушнавме ништо констуктивно, очајна е состојбата, и како заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во Град Скопје, е една фаза од препреките, и затоа градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците, иако нашите очекувања не се големи морам да признаам. Во таа насока ќе почекаме до крајот на неделава да видиме што план ќе се донесе, и во основа на тие заклучоци ќе носиме заклучоци.
Како влада можевме да одбереме да не се мешаме во работата на Градот, но одлучивме дека приоритет ни се граѓаните. Зборувавме за две Јавни прептијатија, едното Комунална хигиена, и второто ЈСП, и заклучивме дека ќе имаме поголем проблем со почеток на школската година“, изјави Перински.

