Македонија

Пет активни пожари во Македонија – шест се под контрола

Пет активни пожари во Македонија – шест се под контрола

Центарот за управување со кризи информира за состојба со пожари на отворен простор до 18:30 часот.

Вкупно се евидентирани 25 пожари од кои:

АКТИВНИ пожари (5):

Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Општина Гевгелија – с. Прдејци (ниска вегетација)
Општина Струмица – с. Старо Балдовци (ниска вегетација)
Општина Ресен – с. Перово (овоштарник)
Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума)

Под контрола (6):

Општина Македонски Брод – с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
Општина Македонски Брод – с. Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод – с. Слатина кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума)
Општина Македонски Брод – во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)

Локализирани (6):

Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Свети Николе – с. Делисинци (ниска вегетација, стара напуштена куќа)
Општина Теарце – с. Непроштен (ниска вегетација)
Општина Старо Нагоричане – с. Никуљане (мешана шума)
Општина Старо Нагоричане – с. Ругинце (ниска вегетација)
Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел (шумски пожар)

Изгаснати пожари (8):

Општина Чучер Сандево – кај црквата Св. Тројца (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Белица (нискостеблеста шума)
Општина Велес – ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација)
Општина Куманово – кај хотелот Куба, м.в. Преовце (ниска вегетација)
Општина Демир Хисар – с. Кутретино (ѓубриште)
Општина Сопиште – с. Света Петка (ниска вегетација)
Општина Кавадарци – ул. Црноречка (ниска вегетација)
Општина Струмица – с. Иловица (меѓа од гранки)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни