Македонија

Пет години од крватиот 27-ми април – протест пред затворот во Прилеп

Пет години од т.н. крвав четврток или 27-ми април. На овој ден, во 2017 година, се организираше протест пред Собранието, кој изгледаше сосема вообичаено, но ескалираше во моментот кога се избираше претседател на Собранието. Во тој момент, толпата се проби низ полицискиот коридор и преку главниот влез влезе во прес салата. Демонстрантите физички ги нападнаа пратениците кои што се бранеа во отсуство на полициска интервенција. Напладне пред затворот во Прилеп ќе биде организиран протест по повод, како што стои во најавата, неправедно осудените за случајот 27 април од страна на Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“. Пред присутните ќе се обратат Мане Јаковлевски, Претседател на Унија на Ветерани и Александар Пандов, Претседател на Патриотски Институт.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни