Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, даде репорт за моментална состојба со пожарите низ земјата. Тој кажа дека во моментов активни се пет пожари, но и дека се појавуваат нови поради невнимание на граѓаните.
„Пет пожари и натаму активни, и се појавуваат нови поради невнимание. Акцентот повторно е ставен на тертиоријата на Мкедонски брод, или т.н. „монструмот од пожар“ на кој дејствуваме 20 дена. Дејствуваме на краците со ер-трактори, на вториот крак направен е протипожарен појас кој нема да дозволи да ги зафати викендиците. Воедно во текот на вчерашниот ден, во договор на унгарскиот тим беше изгорен со контра пожар. Третиот крак е кракот кој навлезе во ловиштето Јасен, и овој крак е активен, и на него делуваме со два ер-трактори.
На територија на Македонски брод имаме пожар и кај Пласница, и таму делуваат кипарските ер-трактори. Пожар кај Галичица кој се движи кон Стење, од преспанска страна и дејствуваме со два ер трактори.
Од контролата на летање имаме дојава за нови пожари. Првиот пожар е во село Орел, и веднаш се испратени противпожарни сили, зтоа што тоа е местото каде што изби големиот пожар каде изгоре голем дел од овчеполието. Добивме дојава за пожар кон селото Ласкарци. Пријавуваат и од контрола на летање. Уште еднаш апелирам до граѓаните да не палат стрништа и да не користат пиротехнички средства на отворено“, рече Ангелов.

