Македонија

Пет пожари во земјава – ризично кај Валандово, пожарот во Визбегово се прошири до социјални бараки

Пет пожари во земјава – ризично кај Валандово, пожарот во Визбегово се прошири до социјални бараки

Центарот за управување со кризи информира дека до 14:00 часот на 2 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои четири се сè уште активни, а два се изгаснати.

Активни пожари:

  1. Прилеп – с. Бешиште: Пожар во приземна мешана шума. Делот од огнената стихија кој се проширил кон с. Градешница (општина Новаци) е ставен под контрола.
  2. Валандово – с. Грчиште до с. Марвинци и Богданци – с. Паљурци до с. Богданци: Пожар во ниска вегетација и грмушки. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ова е пожар со високо ниво на ризик.
  3. Скопје – Визбегово: Пожарот се проширил кон социјалните бараки во близина на хотел „Њу Стар“ на улица 5 и 44.
  4. С. Црешнево – локација Церо Поле: Реактивиран е пожарот во деградирана дабова шума. На терен интервенираат пет шумари од ЈП „Сандански“ со едно теренско моторно возило.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни