Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
Македонија

Петков: Ќе предложам министерскиот совет да заземе решение за Северна Македонија

Петков: Ќе предложам министерскиот совет да заземе решение за Северна Македонија

„Ќе му предложам на Министерскиот совет да донесе одлука во врска со Република Северна Македонија“, рече премиерот на Бугарија, Кирил Петков на почетокот на денешната владина седница.

Тој го прочита предлогот за кој денеска ќе се гласа во Советот на министри и сумираше:

„За да биде јасно дека секој предлог што се разликува од рамковниот став треба веднаш да се испрати до Националното собрание и да не се дава согласност додека се разговара таму. Доколку има негативна одлука, автоматски да се даде негативен одговор. На овој начин избегнуваме секакви шпекулации дека оваа влада ќе направи нешто на тема Северна Македонија и ова прашање мора да го решаваат само и целосно пратениците“, рече Петков..

Тој додава дека со ова треба да заврши оваа дебата кој што може да направи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни