Македонија

Петок и викенд Македонија под циклонска активност: Пообилни врнежи, ветер и пад на температури

Петок и викенд Македонија под циклонска активност: Пообилни врнежи, ветер и пад на температури

Во петок во вечерните часови под влијание на циклонска активност во Македонија се очекува продор на влажна воздушна маса која што ќе услови пообилни врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со доумерен слаб ветер но и ќе услови пад на дневните температури, прогнозираат од Weather4all за 4NEWS.mk

Графички приказ на количество на врнежи на IRIE модел

Во петок во вечерните часови врнежите од дожд првично ќе започнат во северните, северозападните и западните предели, а во текот на ноќта петок кон сабота ќе се прошират и во останатите предели.

Интензвирање на врнежите се очекува во сабота во утринските и претпладневните часови. Во текот на овој влажен бран во Македонија локално се очекуваат да наврнат од 20 до 45 литри дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни и крајните источни предели.

Графички приказ на количество на врнежи на IRIE модел

Во сабота во доцните попладневни часови врнежите од дожд постепено ќе престануваат и во текот на ноќта сабота кон недела намалување на облачноста. Минималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 13 степени, додека пак максималните дневни од 11 до 20 степени.

Графички приказ на потенцијалните количества на врнежи од овој бран.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни