Македонија

Петровска во обиколка на градовите Ирпин и Буча

Петровска во обиколка на градовите Ирпин и Буча

Министерката Славјанка Петровска денеска во Украина ги посети градовите Ирпин и Буча, каде во текот на месец март минатата година се водеа жестоки битки со руските сили.

Во Ирпин и Буча, како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска и лично ги виде последиците од уништувањето предизвикано од војната, тешките услови во кои живеат Украинците, но и нивната жар и мотив да се изборат за својот суверенитет.

-Војната е немилосрдна и единствено нешто што носи се болка и тага. На лицата на Украинците може да се види бескрупулозноста на воените дејствија, но може да се види и нивната цврстина и желбата да ја одбранат својата татковина, рече министерката при посетата на овие градови.

Таа го потенцираше херојството на овдешните луѓе во одбраната на својата земја и ја повтори итната потреба мирот и безбедноста да се вратат на територијата на целата земја. Петровска порача дека Северна Македонија цврсто и јасно укажува на тоа дека страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни