Македонија

Петровска: Во завршна фаза е набавката на 8 хеликоптери, еден ќе биде опремен за брза помош од воздух

Петровска: Во завршна фаза е набавката на 8 хеликоптери, еден ќе биде опремен за брза помош од воздух

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска гостува во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека е во завршна фаза набавката на 8 хеликоптери и се чека конечната одлука на тимот кој навистина завршил исклучително обемна и комплицирана работа.

Таа вели дека се работи за експертски тим кој е составен од припадници од Македонската Армија и Министерството за обрана кои се експерти во делот на воздухопловството, и тука апсолутно на никаков начин нема политичко влијание.

На прашање на модераторот дали со модернизацијата би можело дел од воздухопловноста да биде наменета и за медицинска потреба, Петровска истакна дека идејата е армијата секогаш да биде во поддршка на цивилното население.

„Стојам на ставот дека да, кога тоа го дозволуваат и законските услови и тоа од нас се побарува, армијата треба соодветно и на вистинско ниво да биде ангажирана за потребите на цивилното население и за поддршка на институциите на кои им е потребна поддршка во даден момент“, вели Петровска.

Според министерката, еден од хеликоптерите ќе биде посебно опремен за брза помош од воздух.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни