Македонија

Пецас: Очекуваме да продолжиме со добра соработка и со новата Влада на Северна Македонија

Очекуваме да продолжиме со добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од регионот, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на очекувањата од Грција од новата македонска Влада, со оглед на тоа дека е веќе познат нејзиниот состав.

-Очекуваме да продолжиме со една добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а според тоа и на Северна Македонија што е во интерес на народите на двете земји и на земјите од поширокиот регион, рече Пецас.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни