Петта жртва од терористичкиот напад во Виена

Австриската државна телевизија јави дека почина и петтата жртва од синоќешниот терористички напад во Виена. Се работи за 21-годишно момче кое починало денеска како последица од повредите нанесени во пукањето во главниот австриски град.

Неофицијално, младото момче е погодено со четири куршуми во градите. Веднаш било пренесено во болница, каде давало знаци на живот, и лекарите успеале да го стабилизираат.

Меѓутоа утрово ситуацијата му се влошила и сите напори докторите да го реанимираат, не успеале.

.

Извор: ТВ21