Свет

Пилот за поплавите во Непал: Брановите беа високи до 6 метри

Пилот за поплавите во Непал: Брановите беа високи до 6 метри

Пилот на хеликоптер процени дека брановите во денешната смртоносна поплава на кинеско-непалската граница биле високи помеѓу 4 и 6 метри. Аман Будатоки бил во воздух во времето на катастрофата и разговарал со CNN за сцените што ги видел.

Пилотот рекол дека пет минути пред слетувањето, неговиот тим забележал облак од прашина над реката, но на почетокот не разбрале што е тоа. „На почетокот изгледаше како свлечиште. Дури мислевме дека армијата користи експлозиви за изградба на патишта“, рекол Будатоки.

Сепак, набрзо стана јасно дека се сведоци на нешто многу полошо. Пилотот видел темен порој во кој, како што опишал, остатоци и отпад бурно се мешале со водата.

„Видовме бранови високи пет до шест метри. Почнавме да кружиме над селото и гледавме како водата носи големи дрвја и неколку возила“, рекол тој. „Беше застрашувачки. Ја следевме поплавата некое време за да ја процениме штетата.“

„Никогаш претходно не сум ја видел моќта на природата прикажана на овој начин“, заклучи пилотот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни